Добро утро. Сабота е, надвор е сончево, па се надеваме дека сте добро расположени. Нашиот денешен предлог е лежерна комбинација, која доколку одлучите да прошетате некаде на отворено, ќе ви биде совршена.

Здолниште со карнери од ткаенина со животински принт е хит парче за сезонава. Во комбинација е со сива маичка со кратки ракави и натпис, а изборот на обувки се патики - удобно и лесно.

Мала чанта и дискретен накит и подготвени сте да уживате во сонцето.

П.с. Не заборавајте да си земете и маска :)

 

Објавено:
20 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
982 пати