Сабота во зелено фустанче со животински принт
•
12 октомври 2019
Продолжениот викенд е совршено време да уживате со пријателите или семејството на прошетка што толку долго ја чекавте.
Закажете ручек или кафе и блеснете во лежерна комбинација составена од стилски парчиња кои се како создадени за ова време.
Носиме впечатливо зелено фустанче со животински принт и го комбинираме со ремен на половината и лесни патики со кои ќе може да прошетаме и да уживаме.
Комбинацијата надополнете ја со црна чантичка и кожена јакна доколку ви е потребна во утринските часови.
Имајте прекрасна сабота!