Оваа прекрасна сончева сабота го носиме најубавото летно фустанче во уште поубавата жолта боја. Со оглед на вистински летните температури во нашиот град, без проблем комбинирајте го со лесни сандали со слатки пом – пом додатоци кои се едни од најстилските оваа сезона. Комбинацијата надополнете ја со шик чантичка со колоритни реси, а секако, никако од дома не излегувајте без задолжителната летна опрема како очила за сонце и шапка која ќе ве заштити од сонцето.

Имајте супер сабота во друштво со најблиските! 

Објавено:
25 јуни 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
382 пати