Сабота во жолто цветно фустанче
•
29 мај 2021
Добро утро. Сабота е, сончево е, одличен почеток на денот.
Се надеваме дека и вие сте во добро расположение.
Ние и оваа сабота подготвивме предлог стајлинг за инспирација.
Овој пат, низ интернет просторот вниманието ни го привлече овој жолт фустан со цветен принт.
Изборот на обувки прилагодете ги на својот стил - патики, балетанки, еспадрили, па дури и сандалки на потпетица ако сакате да се истакнете.
Цвеќе е секогаш добра идеја, па дополнително разубавете си го денот со еден убав букет.
Ви посакуваме убав ден.