Посакуваме оваа сабота да ви е исполнета и шарена! Токму затоа, ве охрабруваме да се одлучите за најинтересниот мантил со принт кој го поседувате, а ако таков немате - трка во шопинг!

Крупниот цветен принт во нијанса на лаванда го окупира овој изглед за денес! По храбрите можат да го комбинираат со други принтови, како точки, пругии сличниситни цветни принтови, секогаш имајќи на ум да ја задржите палетата бои.

Оние посклони на минимализам, слободно облечете бели панталони и кошула или црн фустан. 

Додадете чевли или патики и чанта и кармин во истата нијанса на лаванда.

Имајте шарена и убава сабота!

Објавено:
24 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
317 пати