Со оглед на тоа дека викендот за некои од вас веќе започна, денешниот наш предлог за тоа што да облечете е една комбинација за забава.

Ние одбравме фустан на риги, кој иако е во црно-бела комбинација е мошне забавен и впечатлив. И сандалите што ги вклопивме се исто така во црно-бела комбинација, но затоа одлучивме да си поиграме со модните додатоци.

Чанта во интензивно розова боја, или некоја друга што ви е омилена ќе го освежи изгледот и ќе го направи уште повпечатлив.

Во истата боја одлучивме да биде и карминот, додека обетките се исто така со принт во риги.

Можете да додадете некој брош или друг ваш омилен моден додаток. На крај само облечете капут и подготвени сте за добра забава на која секој ќе ве забележи.

Ви посакуваме убав викенд.

Објавено:
6 февруари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
437 пати