Повеќето од вас имаа продолжен викенд, што е супер можност да се забавувате или да прошетате некаде надвор од градот.

Ние денеска имаме една предлог комбинација која веруваме ќе се вклопи одлично во повеќе пригоди. 

Одбравме миди широко здолниште со металик сјај, кое го комбинираме со црна блуза на преклоп и широки ракави.

На тоа додаваме високи црни чизми и чанта со слични нијанси со здолништето.

Изгледот можете да го дополните со некое впечатливо парче накит. 

Ви посакуваме супер забавен викенд!

Објавено:
9 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
724 пати