Оваа недела беше во знакот на актерката Хали Бери. Таа неделава го прослави 49-тиот роденден, а со нејзиниот моден избор само потврди дека е во одлична форма.

Хали на една свеченост се појави во тесен фустан во тиркизна боја. Горниот дел и оној околу половината се од нежна црна тантела, со што сексапилот е дефинитивно во прв план.

Должината под колена е совршена и на вистински начин ја истакнува нејзината фигура, а нема потреба да нагласуваме дека високите потпетици се задолжителни.

Доколку овој викенд имате некоја свеченост или забава, се надеваме дека успеавме да ве инспирираме да блеснете со сексапил, но со вкус.

Имајте одличен викенд!

Објавено:
15 август 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
640 пати