Со оглед на тоа дека е крај на работната недела, барем за повеќето, за денеска ви одбравме една комбинација за забава.

Искористете го почетокот на викендот на најдобар можен начин и дотерајте се. Нашиот избор се црни, куси панталончиња со композиции од мониста на нив. 

Ги комбинираме со сива, лелеава блуза. На сето тоа ги додаваме модните додатоци - црни сандали на висока потпетица, и очила и чанта во нијанса на монитрите на панталончињата.

Ако сте љубител на шеширите и на впечатливиот изглед, на крај ставете и еден што ќе ви соодветствува и подготвени сте за излегување.

Ви посакуваме забавен петок.

Објавено:
2 септември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
660 пати