Денешниов ден резервирајте го за кимоно фустан! Не само што ова тренди парче е едно од ултимативните оваа сезона, туку е и навистина практично и лесно компатибилно со остатокот од вашиот гардеробер. Тоа значи дека лесно може да го комбинирате и во спортски и во поелегантен изглед, а притоа удобноста е загарантирана. Овој пат комбинирајте со сандали на дрвена плута, сламен шешир, голема чанта што ќе ги собере сите неопходни предмети во текот на работниот ден и очила за сонце со стакло во боја. Уживајте во сонцето!

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
203 пати