Утрово се разбудивме со прекрасно сонце во главниот град, а тоа е совршена прилика да го облечеме најубавиот бохо фустан од плакарот. Истиот е одличен избор доколку денеска имате некоја прослава или пак свадба на која треба да присуствувате. Март е совршен месец да се подновите и со пролетни балетанки што одлично се согласуваат со ваквите фустанчиња. Направете си сами едноставна фризура со оваа слатка шноличка со ливчиња во златна нијанса. Чантата е во согласност со балетанките кои пак совршено се надополнуваат со црната панделка во горниот дел на фустанот. Истиот можете да го комбинирате и со вашите омилени потпетици или пак чизмички до глужд.

Без разлика што и да одберете, погрижете се насмевката секогаш да е со вас!

Комбинација: Fashion Group

Фустан, чевли, чанта: Mango

Шнола: Parfois

Модел: Стефанија Андонова

Шминка: Елена Лука

 

Објавено:
5 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.062 пати