Иако е крај на мај, надвор изгледа како да е октомври. Затоа, нашиот денешен предлог ќе биде комбинација на модерно, удобно и топло.

За да му пркосиме на времето, се одлучивме за комбинација во бело, со црни модни додатоци. Бели панталони со фалти се во комбинација со бела блуза. На тоа е додаден долг бел кардиган, а вие можете да се одлучите и за тенко мантилче.

Комбинацијата е заокружена со црни мокасини со бисерни детали, црн ремен, чанта и очила за сонце.

Без оглед на временските услови, бидете во добро здравје и расположение.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
28 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
506 пати