Среда во бела кошула и сиво палто
•
31 октомври 2018
Оваа среда носиме комбинација составена од неколку класични парчиња кои најверојатно секоја девојка ги има во својот плакар.
Носиме црни фармерки и ги комбинираме со едноставна бела кошулка која секогаш е добредојдена во секој стајлинг.
Утрото е свежо, па комбинацијата надополнете ја со класично сиво палто кое сезонава е апсолутен хит.
Веруваме дека денеска температурите ќе останат високи, па така комбинацијата надополнете ја со едноставни црни балетанки и чанта по ваш избор.