Прекрасното време надвор денеска нè натера да ја комбинираме омилената бела кошулка на малку поинаков начин.

Навикнати да ја носиме со панталони или фармерки за класичен изглед, оваа среда ѝ дадовме малку поинаква димензија и ја стилизиравме со шармантно цветно фустанче на прерамки.

Иако истото нѝ е омилено во текот на летните месеци, денеска го носиме на овој начин и истото изгледа неодоливо.

Комбинацијата ја надополнуваме со шик бели патики и мини чантичка во црвена нијанса.

Фото: Pinterest

Објавено:
8 мај 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
470 пати