Среда во целосно црна комбинација и стилски чизмички до глужд

11 септември 2019

На средина од неделата, времето совршено за комбинации во малку потемни бои со кои и официјално можеме да ја започнеме есента.

Денеска носиме целосно црна комбинација составена од едноставна маичка на куси ракави и лежерни панталони со интересна должина до под колената.

Иако можеби сѐ уште е рано, денешната комбинација ја надополнивме со чизмички на потпетица, а што се однесува до деталите, носиме шик чанта и накит во златна нијанса.

Уживајте во денот!

Објавено:
11 септември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
2.037 пати