Добро утро. Среда велат било среќен ден, а инспирирани од тоа ние одлучивме денешната комбинација да биде во црвени нијанси.

Предллог-стајлингот е составен од црвена маичка со натпис и бели панталони со висок струк. Модните додатоци се оние што го прават уште повпечатлив и со француска нота - црвена беретка, марама наместо ремен на панталоните и очила за сонце.

Наместо чанта, овде има мрежеста торба, додека пак изборот на обувки се црвено-бели сандали. Вие направете го вашиот избор на модни додатоци и дадете личен печат на стајлингот.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
29 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
604 пати