Добро утро. Се надеваме дека и ова утро нè читате во добро расположение и здравје. Нашиот денешен предлог е цветен фустан на прерамки кој во долниот дел има карнер.

На високи температури можете да го носите и самостојно, но доколку ви е за работното место, кое притоа нема строго дефиниран дрес-код можете да го искомбинирате со бела кошула.

Воедно, овој стајлинг може да ви се најде и за летни прошетки, а можете да го комбинирате со патики како во случајов, сандали, балетанки... во зависност од пригодата и вашиот моден сензибилитет.

Очила за сонце и чанта се модните додатоци со кои е заокружен стајлингот.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
8 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
738 пати