Добро утро. Уште еден работен ден е пред нас, а го започнуваме со предлог-стајлинг. Со оглед на тоа дека температурите денеска се нешто пониски, се одлучивме за комбинација која вклучува ролка.

Таа е во портокалови тонови, а е усогласена со панталони-килоти, со цветен принт, кај кој исто така се провлекува портокаловата.

Во таа нијанса се и чевлите, а комбинацијата е заокружена со палто. Во случајот е кадифено, што дава посвечена нота, а вие можете да изберете материјали без сјај, за да ја приспособите за работното место.

На ова ќе додадеме само и да внимавате на своето здравје и тмурното време да не ви влијае на расположението. 

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
6 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
481 пати