Добро утро. Се надеваме дека и денеска ќе се дружите со нас низ нашите содржини. И оваа среда ја започнуваме со стајлинг на денот.

Нашиот денешен предлог е топол дамски плетен комплет, составен од миди здолниште и долга туника во бела нијанса.

Во комбинација се со кафени високи чизми и капут со животински принт. 

Кожената капа, односно беретка и впечатливиот накит дополнително придонесуваат за дамскиот впечаток.

Вие направете ја вашата верзија на оваа идеја и имајте убав ден.

Објавено:
13 јануари 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
362 пати