БАНЕР ВО СТАТИЈА ПОД НАСЛОВ 300x250

Добро утро. Оваа среда е студена, но за сега барем сончева, што внесува доза оптимизам во секојдневието. 

Нашиот предлог за тоа како можете да се стилизирате денеска или пак да ви послужи како инспирација за некој друг ден е комбинација составена од тесни панталони во сива нијанса и топол џемпер со ролка во беж нијанса.

На тоа е додаден долг капут со кариран дезен токму во споменатите две нијанси.

Комбинацијата е заокружена со чевли со принт и чанта со ремен за преку рамо. Вие можете да одберете и ранче или чанта во некоја впечатлива нијанса.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
24 март 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
406 пати