Топлото време кое што го почувствувавме во март, некако затајува месецов, па затоа мораме да се прилагодиме и со облеката.

Најчесто во ова време од годината носевме летна облека, но сега им се вративме на блузите, јакните и палтата. 

Нашиот предлог содржи токму едно впечатливо палто-јакна од твид. Кројот е како оние на „Шанел“, со округол израз околу вратот без јака и без копчиња. 

Во комбинација е со џинс и бела кошулка, што може да биде добар избор за повеќе пригоди.

Беретката е впечатлив моден додаток и во случајов е од кожа. Накитот нека биде по ваш избор, исто како и изборот на обувки - можете да се одлучите за патики, рамни чевли или на потпетица - секако нема да згрешите.

Ви посакуваме  убав ден.

Објавено:
27 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
529 пати