Среда во џинс и карирано палто
•
17 октомври 2018
Оваа среда одбравме една тренди комбинација составена од неколку парчиња кои се супер популарни во моментов и кои секоја девојка ги обожава.
Носиме фармерки со висок струк и интересна должина до глуждовите и ги комбинираме со едноставна бела маичка со натпис.
Комбинацијата ја надополнуваме со впечатливо карирано палто како едно од омилените оваа сезона.
Што се однесува до модните додатоци, капата во темно кафена нијанса е must have оваа сезона, а исто така и чизмите до глужд кои се одлични за секоја прилика.
Фото: Pinterest/Lulus