Добро утро. Среда е, нека биде на радост и љубов.

Нашиот денешен предлог е токму во тој стил. Одберете ги фармерките кои најдобро ви стојат и со нив искомбинирајте кошула со принт со срциња.

Доколку немате таква, одберете некоја со црвен принт.

Црни чевли со висока потпетица и мрежести чорапи, како и очила за сонце во форма на срце се модните доадтоци со кои оваа модна приказна е комплетна.

Вие можете да одберете патики или други рамни обувки и да го прилагодите на вашиот стил.

На тоа додадете и мала чанта и уживајте во денот!

Објавено:
17 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
491 пати