Среда во џинс и романтична плетена блуза со панделки
•
19 февруари 2020
Добро утро! Со оглед на топлото време, нашиот денешен предлог е еден полежерен, а сепак романтичен стајлинг.
Се одлучивме за светол џинс, кој е во комбинација со плетена блуза во пастелно сина нијанса. Откриените раменици ќе бидат популарен тренд годинава, а со тоа и блузите во овој стил.
Конкретно оваа има спуштени ракави, а сатенски прераки кои се врзуваат во панделка.
Комбинацијата е заокружена со беретка, обувки во светла нијанса и сина чанта.
Вие додадете и тенко капутче или подебел мантил.
Ви посакуваме убав ден и расположение!
фото: Instagram.com/vivaluxury;