СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Среда во експлозија на патерни и бои
•
20 јули 2022
Добро утро!
Денес си поигруваме со минимализмот на поинаков начин. Во овој случај комбинираме само две едноставни парчиња облека од сатен кои се беспрекорно лесни и удобни за носење. Но вистинската забава доаѓа при изборот на дезенот, кој во оваа ситуација е толку богат што е доволна декорација сама за себе.
Фото: Pinterest
Денешната комбинација се состои од шарена сатенска и лелеава долга наметка на копчиња со панталони од истиот материјал и патерн. Колку повеќе шаренило и хаос, толку поефективно. Комплетирајте го изгледот со уникатен накит и сламена чанта и подготвени сте.
Имајте убава среда.