Добро утро. Се надеваме дека и ова утро нè читате во добро здравје и расположение. За вас што и денес треба да сте на работните места, ние подготвивме предлог-стајлинг.

За останатите, може да биде инспирација кога сето ова ќе заврши.

Денешната комбинација е составена од фармерки во комбинација со бела маичка и долго бело палто. Впечатлива марама со животински принт значително ќе го освежи изгледот, а очила за сонце, чанта и дискретен накит се модните додатоци со кои можете да го заокружите изгледот.

Обувките не се прикажани, но можете да ги прилагодите на својот стил - патики, балетанки, чевли на потпетица...

Ви посакуваме убав ден :)

Објавено:
22 април 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.563 пати