СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Среда во фармерки, кариран блејзер и каубојски чизми

9 ноември 2022

Добро утро!

Денешниот ден го започнуваме со комбинација која совршено ќе прилега на секаква прилика, почнувајќи од канцелариска работа, па сè до релаксирано кафе со пријателите. Вашиот омилен пар фармерки искомбинирајте го со класична бела кошула.

Фото: Pinterest

На оваа непогрешлива класична комбинација можете да ѝ додадете дополнителен шарм со кариран блејзер со необична јака која може да се врзе околу вратот како шал. Пар каубојски чизми и впечатлива чанта ќе му дадат посебен шмек на целиот аутфит.

Уживајте во денот!

Објавено:
9 ноември 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.233 пати