Среда во фармерки, ролка и карирано сако
•
7 октомври 2020
Добро утро. И оваа среда ја започнуваме со стајлинг на денот. Предлогот овој пат е една вистинска есенска комбинација.
Класични фармерки се во комбинација со црна ролка и долго палто со пепито дезен. Црни чевли со ниска потпетица, мала црна чанта и беретка се модните додатоци со кои е заокружен стајлингот.
Ни недостасува сонце за да можеме вака да уживаме во првото утринско кафе, но сепак тоа не значи дека денот нема да започне со него и нема да добар.
Ви посакуваме среќна среда!