Добро утро. Се надеваме дека и денес нè читате во добро расположение и здравје. Ние денот го започнуваме стандардно со предлог-комбинација.

Фармерки со висок струк, кои всушност во тој дел се направени од ластик се вистински хит сезонава. Жените ги сакаат бидејќи се прилагодливи на сечие тело.

Во конкретниов случај се жолти, а се во комбинација со тенка плетена маица без ракави во маслинесто зелена нијанса.

Влчелки на потпетица се изборот на обувки на фотографијата, но вие направете ваш избор во согласност со стилот што го преферирате.

Накит, чанта и очила за сонце се модните додатоци кои ја прават комбинацијата комплетна.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
19 август 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
461 пати