Среда е еден од поубавите денови. Енергијата е во полн ек, обврските течат, а само два дена ве делат од викендот. Токму таква комбинација, како и самата среда ви е потребна- енергична, лесна, а скоцкана и елегантна.

Се одлучивме за фустан-кошула. Можеби најпрактичниот моден изум некогаш. Одличен избор за во канцеларија, а да не е кошула + здолниште или само фустан. Бојата не е важна, се додека комбинирате со бели патики. Така, може да се одлучите за тегет, темно-зелен, црн, крем, кафеав - Небото е граница!

Комбинирајте со класична патика и додадете го модниот тренд на сезоната: сламена плетена чанта! Ви посакуваме успешна, исполнета и среќна среда!

Објавено:
14 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
871 пати