Добро утро. Се надеваме дека нè читате во добро расположение и здравје. Нашиот денешен предлог е фустан на преклоп.

Овој модел е популарен со години, а неговата тајна е што им прилега на жени со различна конструкција на тело. Во конкретниов случај е со кратки ракави и слоевити карнери во долниот дел. Цветниот принт и свежата портокалова боја го прават да биде впечатлив и пролетен.

Чантата е во сина нијанса, со што е направен контраст и изгледот добива уште повпечатлива нота.

Чевли со ремче се изборот на обувки.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
20 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
579 пати