Добро утро. И оваа среда ја започнуваме со предлог-стајлинг за инспирација. 

Со оглед на убавото и топло време, се одлучивме за бел фустан со елементи од тантела. На тоа е додадена долга тексасна јакна, како парче кое совршено ќе ви се најде во утринскиот период.

Очила за сонце, неколку ѓердани и чанта во зелена нијанса се модните додатоци со кои е заокружена комбинацијата.

Изборот на обувки прилагодете го на вашиот стил и местото каде што сакате да носите ваква слична комбинација и искористете го денот најдобро што можете.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
15 септември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
770 пати