Добро утро. Се надеваме дека утринскиот дожд не ви го расипа расположението. А дури и да е така, потрудете се да го подобрите и со изборот на облека.

Токму затоа, нашиот денешен предлог е комбинација во интензивни бои, кои ќе внесат веселост во овој сив ден.

Одберете здолниште во боја, во конкретниов случај е зелено со дискретен принт, но вие одберете некое што вам посебно ви се допаѓа. Искомбинирано е со блуза во црвено-бели риги, а на тоа е додаден капут во интензивно црвена боја.

Изборот на обувки се гумени чизми во маслинесто зелена нијанса, а комбинацијата е заокружена со неколку модни додатоци - марама, капа и секако чадор.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
9 декември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
468 пати