СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Среда во кариран блејзер и кожно мини здолниште

21 септември 2022

Добро утро!

Убавината на есенската сезона, меѓу другото, лежи и во бескрајните можности да се експериментира со гардеробата и слоевите. Денешниот изглед го градиме врз црна основа од едноставна ролка во спој со елегантно кожно мини здолниште. Овој едноставен изглед зачинете го со кариран блејзер и чизми до глужд за поформален ефект.

Фото: Pinterest

Дополнете ја комбинацијата со елегантни модни додатоци, како очила за сонце, дискретен накит и црна кожна чанта и уживајте во денот!

Објавено:
21 септември 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
705 пати