Добро утро. Уште еден топол ден пред нас, па токму затоа и нашиот денешен предлог е вистинска летна комбинација.

Комбинезон и тоа со ситен кариран принт е тренди парче кое ќе ви биде модно решение за многу пригоди. Ногавиците се широки, а горниот дел е без ракави, но со карнери од двете страни, со што ќе имате удобност при движењето. Тенкиот ремен ја истакнува половината.

Патики или еспадрили или пак сандалки можат да бидат изборот на обувки, усогласени со тренди плетена чанта.

Шеширот и очилата за сонце се супер заштита од сонцето, а не заборавајте ги веќе и кремите со заштитен фактор.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
1 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
956 пати