Среда во карирани панталони и долг блејзер
•
16 декември 2020
Добро утро. Оваа среда имаме нов предлог-стајлинг и тоа во сиви нијанси, кои се во склад и со нијансите надвор.
Нашиот предлог се карирани панталони во сиви и црни тонови, во комбинација со црна ролка. На тоа е додаден зимски долг блејзер во сиви нијанси.
Чизмите и чантата се црни, на крајот додадете капут. Ако сакате да внесете сепак малку боја, можете да одберете ролка во некоја интензивна нијанса, или пак капутот да е црвен, син, жолт или каков и да имате...
Ви посакуваме убав и топол ден.