Среда во колоритна комбинација
•
25 мај 2016
Најсреќниот ден од работната недела поминете го во супер колоритна комбинација и спротивставете му се на облачното време. Денеска носиме прекрасно жолто фустанче и го комбинираме со најстилските бомбер јакни за оваа сезона. Истата на себе има доволно позитивни апликации да ви ја разубави комбинацијата и дополнително да ве развесели. Комбинирајте со едноставни бели чевлички и чанта во две бои кои одлично се согласуваат со останатата палета.
Уживајте во оваа иако облачна, сепак позитивна среда!