Најсреќниот ден од неделата го дочекавме со малку пониски температури и облачно време, па да го разубавиме денот со светли парчиња.

Денеска носиме стилски панталони со висок струк во бела нијанса и ги комбинираме со романтична кошула со карнери во предниот дел.

Бидејќи времето денеска е малку постудено од другите денови, одозгора комбинирајте и кафено џемперче што можете само да го наметнете или пак да го облечете.

Што се однесува до модните додатоци, носиме стилска чантичка, ланче со златен приврзок, алки во златна нијанса и високи потпетици.

 

Објавено:
3 април 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
891 пати