Најсреќниот ден од неделата и првиот ден од есента поминете го во модерно издание составено од едно, исклучително шик парче. Главен акцент денеска му ставаме на кусото кожено здолниште во есенска, жолта боја и го комбинираме со лесна маичка со црно – бели пруги. Комбинацијата крунисајте ја со куси црни чизмички и едноставно ланче со детал во есенски нијанси.

Уживајте во првиот ден од едно од најубавите годишни времиња!

Објавено:
23 септември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
988 пати