Добро утро! Како сте после празниците?

Ние новата работна недела ја започнуваме со тренди комбинација. Кожените здолништа се хит сезонава, па едно такво плисирано во кафена нијанса го комбинираме со карирано долго палто на дворедно закопчување.

Маица или блуза нека бидат вашиот избор во склад со комбинацијата. Високи чизми и чанта се модните додатоци со кои можете да го заокружите стајлингот.

Иако го нема на фотографијата, секако не излегувајте од дома без капут и шал, бидејќи температурите конечно се вистински зимски.

Имајте успешна работна недела!

 

фото извор: Pinterest.com; 

Објавено:
8 јануари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
813 пати