Среда во кожено здолниште и сиво палто
•
10 октомври 2018
Оваа прекрасна среда се разбудивме со сонце во градот и супер расположение да ги завршиме сите обврски што нè чекаат, а за тоа ни треба совршената комбинација.
Неделава обожаваме куси здолништа поради одличните температури, па и денеска носиме едно такво во црна кожена варијанта и го комбинираме со омилената бела кошулка.
Утрата се студени, па комбинацијата надополнете ја со стилско сиво палто кое истовремено ќе ве стопли, а и е супер тренди.
Носиме рамни чевли и чантичка со животински принт и секако, очила за сонце како задолжителни секоја сезона.