Оваа среда ќе ја резервираме за црна кожна јакна и црвен макси фустан со дезен. Пролетта е веќе тука, па можеме малку повеќе да ги вклучиме фустаните во стајлингот. 

Двете парчиња искомбинирајте ги со црни чизми над глужд со потпетица, и додадете црна кожна чанта.

На овој начин добивате пролетен аутфит во бајкерски стил.

Имајте убава среда!

Фото: Pinterest

Објавено:
22 март 2023
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
3.204 пати