Добро утро. Се надеваме дека сите сте во добро здраве и расположение и покрај тоа што надвор ни недостасува сонце.

Студеното време е само уште еден мотив да не излегувате од дома доколку немате итна потреба. Денешниот стајлинг е посветен на оние што сепак мора да го сторат тоа.

Комбинацијата е составена од панталони со широки ногавици, црна ролка, црна кратка „монтка“ (односно јакна со пердруви), која има и качулка, која ќе ви послужи доколку денеска навистина се остварат прогнозите за дожд, а не сакате да носите чадор.

Кафени високи чизми и чанта се модните додатоци со кои е комплетиран стајлингот.

Ви посакуваме убав ден и чувајте го и своето и здравјето на другите!

Објавено:
25 март 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
442 пати