Конечно сме на средина на неделата, а имаме и прекрасно сонце утрово па тоа е секогаш повод да блеснеме во супер стилска комбинација.

Денеска одбравме широки крем панталони и ги комбинираме со бела кошулка врз која облековме топло џемперче во крем нијанса.

Комбинацијата истакнете ја со темно кафени чизми и чантичка во иста нијанса, а доколку утрово ви е студено, дополнително со себе понесете долго крем капутче.

Ужувајте во есенскиот ден и прекрасното сонце!

Објавено:
9 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
828 пати