На средина на неделата и во исчекување на пониските температури кои се во најава, денеска решивме да носиме интересна сафари комбинација.

Одбравме куси панталони од прекрасен лен во нежна бела нијанса и ги комбинираме со впечатлива кошулка во кафена боја со долги ракави кои поради високите температури денеска ги носиме превртени до лактите.

Комбинацијата ја надополнивме со интересни влечки во крем нијанса и сламена чанта, како и многу шармантни алки и очила за сонце.

Имајте убав ден!

Фото: Pinterest

Објавено:
14 август 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
415 пати