За разлика од вчера, денеска времето е прекрасно, сончево и дефинитивно многу потопло од претходните денови.

По тој повод, денеска го носиме омиленото кусо тексас здолниште и го комбинираме со едноставна црна кошулка, а одозгора впечатливо розово палто.

Палтото е со супер должина, па поради тоа на целата комбинација ѝ дава шик изглед, а одозгора дополнително го украсивме со оваа тренди мини чантичка за преку рамо.

Комбинацијата надополнете ја со розови чорапчиња до над глуждовите кои совршено се вклопуваат со чизмите кои се дел од денешниот наш стајлинг.

Имајте убав сончев ден!

Фото: Pinterest

Објавено:
24 април 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
543 пати