Со оглед на убавото време, предлогот за тоа што би можеле да облечете е женствена комбинација која може да ви се најде за повеќе пригоди.

Се работи за лелеаво здолниште во корална нијанса, кое ќе ви овозможи чувство на леснотија, елеганција, а сепак и лежерност.

Искомбинирано е со блуза на преклоп во сина нијанса. Во истата нијанса се и тенките чизми до глужд, совршен избор за овој период кога времето е променливо.

Комбинацијата заокружете ја со модни додатоци. Овде се употребени впечатливи обетки, очила за сонце и плик чанта, која можете да ја замените со некој друг модел по ваш избор и да дадете свој печат.

Имајте убав ден!

Објавено:
16 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.160 пати