Конечно на средина на неделата, па да ја прославиме оваа среќна среда со прекрасна лежерна комбинација во сива боја. Денеска носиме тренди фармерки во интересна нијанса и ги комбинираме со ова слатко блузонче во сива боја со бела кошула одоздола и интересна апликација круна во предниот дел. Комбинацијата надополнете ја со овие сребрени чевли и ова топло палто со бело крзно. Стоплете се и со ова едноставно шалче во сива нијанса што денеска ви е единствено потребно.

Објавено:
8 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
517 пати