Добро утро. Пред нас уште еден топол ден, а ние имаме предлог за инспирација за тоа како да изгледате дотерано и покрај силното сонце.

Макси здолниште е секогаш добра идеја, бидејќи нуди комотност и удобност, а сепак ќе изгледате убаво. Во случајов е во пастелно жолта нијанса, но вие одберете каква имате. 

Искомбинирана е класична бела кошула, нека биде од памук или лен, за кожата полесно да дише.

На крајот додадете марама и очила за сонце како модни додатоци со кои ќе го надополните изгледот. Изборот на обувки направете го според тоа што ви е удобно и во што ногата нема премногу да ви се поти.

Ви посакуваме среќна среда!

 

Објавено:
23 јуни 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
966 пати