Добро утро. Сонцето што утринава нè пречека ни го подобри расположението, се надеваме дека така е и кај вас.

Нашиот денешен предлог за стајлинг е црно-бела, едноставна, а сепак впечатлива комбинација. Се работи за миди здолниште со висок струк и копчиња во предниот дел. На фотографијата е од кожа, но вие можете да си комбинирате тоа што го имате.

Бела едноставна маица е парчето со кое е усогласено здолништето, а за уште повпечатлив ефект придонесува ѓерданот.

Сандалите се изборот на обувки од примерот, но вие одберете она што вам ви е најудобно за ова време од годината.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
3 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
782 пати